Режисерот и драматург Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст, соопшти Драмски театар – Скопје. Веста за неговата смрт доаѓа еден месец откако Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ му ја додели наградата за животно дело, признание за неговиот исклучителен придонес во театарската уметност.
Роден во Битола во 1963 година, Миленковски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а својата професионална кариера ја започнал уште пред дипломирањето, како дел од проектот КПГТ во Суботица.
Подоцна го основа независниот театар „Бабилон“, а од 2006 до 2010 година беше директор на Македонскиот народен театар. Од 2010 година работеше како драматург во Драмски театар – Скопје.
Во својата богата кариера реализираше повеќе од 50 театарски режии, оставајќи силен авторски печат со претставите „Балканот не е мртов“, „Буре барут“, „Тетовирани души“, „Кандид во земјата на чудата“, „Македонски рулет“, „Хамлет во транзиција“ и многу други.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


