По кратко боледување почина македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски на 65-години
Владо Јаневски има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“.
Членувал во музичките групи Тост сендвич, Бон Тон, Фотоморел, Ластовица. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Македонија на Избор за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирминген во 1998 година.
Слични новости
Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење
Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.
Дресот на Пеле од финалето од 1958 продаден за речиси 5 милиони долари
Дресот со бројката 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер во финалето на Светското првенство во 1958 е продаден за 4,9 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби.
Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто
Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.


