Гитаристот на легендариот британски рок бенд „The Cure“ Пери Бамонте почина во 65-тата година од животот по кусо боледување, соопшти бендот.

Бамонте започна во бендот во 1990 како техничар и личен асистент на фронтменот Роберт Смит, а 1990 година стана и официјален гитарист на бендот.

Беше член на „The Cure“ од 1990-2005, а повторно им се придружи во 2022 и продолжи да свири во бендот се до неговата смрт.

За време на првиот период на бендот учествуваше во создавањето на најзначајните албуми на бендот, а имаше и 400 концерти. Во 2005 го напушти бендот, откако Роберт Смит го реорганизираше како трио.

Во 2019 беше примен во куќата на славните, заедно со другите членови на легендарниот британски бенд.

По враќањето во бендот настапи на 90 концерти, а неговиот последен настап беше на 1 ноември 1990 во Лондон, во рамките на турнејата „The Show of a Lost World“.

Слични новости