Потпретседателката на Венецуела Делси Родригез изјави дека владата на оваа земја не знае каде се наоѓаат претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. „Бараме итен доказ дека претседателот Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се живи“ изјави Родригез за државната телевизија на Венецуела.

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино изјави дека земјата ќе се справи со присуството на странски трупи, додека американскиот претседател Доналд Трамп тврди дек Американците го заробиле Мадуро и го префрлиле надвор од земјата.

Падрино додаде дека американските напади погодиле цивилни подрачја и дека властите во моментов собираат информации за загинати и ранети, пренесе Ројтерс.

Венецуелската влада ги обвини САД за воена агресија и соопшти дека таквите постапки ги орфрла, ги осудува и решително ги одбива.

Во соопштението се наведува дека САД се обидува да ги заземе стратегиските ресурси на Венецуела особено нафтата и минералите и насилно да ја скршат политичката независност на нацијата.  

Слични новости

Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме

Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме

Расмусен, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.