Наглиот пораст на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД, Израел и Иран наскоро би можел да го почувствуваат потрошувачите во супермаркетите низ целиот свет.

Економистите предупредуваат дека зголемувањето на цените на енергијата речиси секогаш води до повисоки цени на храната, бидејќи горивото, транспортот и ѓубривата се клучни алки во глобалниот синџир на снабдување со храна.

Цената на нафтата оваа недела надмина 100 долари за барел за прв пат од руската инвазија на Украина во 2022 година. Причината е прекинот на транспортот на нафта преку Ормутскиот теснец – една од најважните енергетски артерии во светот.

Сега нафтата е стабилизирана на околу 87 долари за барел, што е 50 проценти повеќе, отколку пред почетокот на војната во Иран.

 

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.