До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.
Техничките и логистичките подготовки за нивното безбедно пренесување се во тек. Во Израел, шест македонски граѓани веќе се евакуирале со комерцијални летови, додека уште шест лица ќе бидат транспортирани преку Египет и со владиниот авион ќе се вратат во Скопје.
Сите ќе бидат сместени на безбедна локација на товар на државата пред заминувањето. Во Доха 136 македонски граѓани побарале помош, а дипломатско-конзуларните претставништва подготвуваат план за евакуација и на граѓаните во Бахреин и Кувајт.
Слични новости
Македонија е стабилна и безбедна заклучено на седницата на Советот за безбедност
Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања
Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата.
Бројот на заболени од грип се намалува
Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.


