До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.

Техничките и логистичките подготовки за нивното безбедно пренесување се во тек. Во Израел, шест македонски граѓани веќе се евакуирале со комерцијални летови, додека уште шест лица ќе бидат транспортирани преку Египет и со владиниот авион ќе се вратат во Скопје.

Сите ќе бидат сместени на безбедна локација на товар на државата пред заминувањето. Во Доха 136 македонски граѓани побарале помош, а дипломатско-конзуларните претставништва подготвуваат план за евакуација и на граѓаните во Бахреин и Кувајт.

 

Слични новости

Од утре до крајот на неделата дожд

Од утре до крајот на неделата дожд

Од вторник до крајот на неделата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање.