До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.
Техничките и логистичките подготовки за нивното безбедно пренесување се во тек. Во Израел, шест македонски граѓани веќе се евакуирале со комерцијални летови, додека уште шест лица ќе бидат транспортирани преку Египет и со владиниот авион ќе се вратат во Скопје.
Сите ќе бидат сместени на безбедна локација на товар на државата пред заминувањето. Во Доха 136 македонски граѓани побарале помош, а дипломатско-конзуларните претставништва подготвуваат план за евакуација и на граѓаните во Бахреин и Кувајт.
Слични новости
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.


