Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски испрати порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на сериозен крстопат и дека без длабоки промени може да се соочи со понатамошен пад, па дури и со политичка маргинализација.

Пендаровски во изјавата оценува дека актуелната политичка состојба покажува парадокс – иако владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ загубила дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го канализира опозиционото расположение кај гласачите.

Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело – вели Пендаровски.

Со ова, поранешниот претседател директно укажува дека проблемот не е во комуникацијата, туку во суштината на политичкото делување – односно во стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Пендаровски предупредува дека со актуелниот тренд на пад на поддршката, СДСМ може да се соочи со уште полош резултат на следните избори.

-Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка – вели тој.

 

Слични новости

АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите

Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Од утре почнува да казнува „Сејф сити“

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.