Интер од Милано синоќа беше поразен од норвешкиот шампион Бодо Глимт во првиот натпревар од двомечот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите со 3:1. Со тоа фаворитот од Италија ќе има тешка задача да ги надополни двата гола разлика од првиот меч.

Дополнителен проблем за Интер е што на натпреварот се повради нивниот капитен Лаутаро Мартинез. Тренерот на Интер Кристијан Киву рече дека го загубија Лаутаро, дека тој е сериозно повреден и извесно време нема да може да сметаат на него.

Киву рече дека во реваншот ќе се обидат да ја надоместат предноста на Бодо и истакна дека тоа што се играло на вештачка треба направило голем проблем за неговите фудбалери.  

Слични новости

Денвер го презеде петтото место на Западот по тешка победа против Торонто

Денвер го презеде петтото место на Западот по тешка победа против Торонто

Денвер Нагетс утринава ги победија Торонто Рапторс со 121:115 и се искачија на петтото место во исклучително компетитивната Западна конференција на НБА лигата. Натпреварот беше решен во последната минута во која двата тима влегоа со ист број на кошеви.