На њујоршки Волстрит, берзанските индекси пораснаа во четвртокот, бидејќи податоците за ублажување на инфлациските притисоци во САД ги поддржаа надежите за натамошно намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Индекост Dow Jones порасна за 0,14 отсто на 47.951 поени, додека S&P 500 порасна за 0,79 отсто на 6.774 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,38 отсто на 23.006 поени.

По четири дена пад, Dow Jones и S&P 500 вчера надоместија голем дел од тие загуби, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од извештајот за инфлацијата. Потрошувачките цени во САД пораснаа за 2,7 отсто на годишна основа во ноември, што е помалку од 3,1 отсто што го очекуваа аналитичарите.

Ова ги поддржа надежите на инвеститорите за натамошно намалување на каматните стапки од страна на Fed, при што пазарот сега проценува дека постојат 58 отсто шанси централната банка во март да ги намали стапките за уште 0,25 отстотни поени.

Покрај тоа, пазарот предвидува уште две намалувања на каматните стапки од страна на Fed следната година, што значи дека инвеститорите се пооптимистични од централните банкари, кои во просек очекуваат едно намалување.

„Позитивниот извештај за инфлација го намалува притисокот врз креаторите на политиките на Fed да ги намалуваат стапките побавно во иднина ако инфлацијата продолжи да се намалува“, рече Бил Мерц, директор во компанијата „U.S. Bank’s Asset Management Group“.

Растот на берзанските индекси беше потпомогнат и од закрепнувањето во технолошкиот сектор, кој беше под притисок во последните денови.

Вчера, инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните проценки за кварталните заработки од „Micron Technology“. Цената на акциите на компанијата скокна за повеќе од 10 отсто.

Во шест од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа вчера, а највисоко во услужниот сектор, за 1,8 отсто.

Цените на акциите пораснаа и на европските берзи вчера. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,65 отсто, на 9.837 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 1,0 отсто, на 24.199 поени, а парискиот CAC за 0,80 отсто, на 8.150 поени.

globe

Слични новости

Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000

Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000

Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања

Европските берзански индекси во пад

Европските берзански индекси во пад

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.

Крах на криптовалутите на берзите

Крах на криптовалутите на берзите

Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.