Британскиот музичар Пол Макартни, некогашен член на легендарната група Битлси, достигна богатство од околу 1,4 милијарди долари и стана третиот најбогат музичар на светот, објави Форбс.
Според проценките на Форбс, Макартни се наоѓа на третото место зад американските музички ѕвезди Џеј Зи чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари и Тејлор Свифт со имот вреден околу 2 милијарди долари.
Макартни за време на шест децениската кариера изгради вреден бизнис благодарение на авторските права, музичките каталози, концертните турнеи и уметничката колекција.
Слични новости
Маск по изборите во САД : Изгледа моите вселенски ласери за местење избори овој пат не проработеа
По победите на демократите на изборите се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати со шеговита порака дека неговите вселенски ласери за местење на изборите овој пат не проработеа.
Отфрлена тужбата за клевета на Доналд Трамп против Вол Стрит Џурнал околу извештајот за Епстин
Трамп бараше отштета од весникот во износ од 10 милијарди долари, а судијата ја отфрли тужбата со предрасуда, со образложение дека Трамп не докажал оти обвинетите му нанеле штета со тенденциозни клевети, како што бара законот.
Мајкл Даглас вели дека се гледа со Џек Николсон и дека актерот се чувствува добро
Славниот актер Џек Николсон кој е троен добитник на Оскар последните години целосно исчезна од јавниот живот. Неговиот колега и пријател Мајкл Даглас изјави дека Џек Николсон е добро и дека повремено се гледаат, но дека Николсон реши повеќе да не глуми.


