Британскиот музичар Пол Макартни, некогашен член на легендарната група Битлси, достигна богатство од околу 1,4 милијарди долари и стана третиот најбогат музичар на светот, објави Форбс.

Според проценките на Форбс, Макартни се наоѓа на третото место зад американските музички ѕвезди Џеј Зи чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари и Тејлор Свифт со имот вреден околу 2 милијарди долари.

Макартни за време на шест децениската кариера изгради вреден бизнис благодарение на авторските права, музичките каталози, концертните турнеи и уметничката колекција.

Слични новости

Премиерите на „Војникот дух“ и „Како да ограбите банка“ разочараа на Бокс офисот

Премиерите на „Војникот дух“ и „Како да ограбите банка“ разочараа на Бокс офисот

„Војникот дух“ на студиото Сони во режија на Вилијам Јубанк заработи скромни 5,2 милиони долари на премиерниот викенд ширум кината во САД. Лошо помина и премиерата на „Како да ограбите банка“ на студиото Амазон МГМ. Филмот на режисерот Дејвид Лич заработи разочарувачки 5,1 милиони долари