Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.
Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во Царинската управа.
Полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Во Скопје и Тетово, при претреси во правни субјекти, биле пронајдени магацини со различни медицински лекови, а во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.
Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.
Слични новости
Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие
На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.