Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.
Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во Царинската управа.
Полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Во Скопје и Тетово, при претреси во правни субјекти, биле пронајдени магацини со различни медицински лекови, а во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.
Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.
Слични новости
На Инфективна хоспитализиран 21 пациент поради западно-нилска треска, шестмина се на интезивна нега
Во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Случај „Талир“: Апелација ја одби жалбата на ОЈО – „Белата палата“ останува имот на ВМРО – ДПМНЕ
Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.
Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза

