Пратеничката група на СДСМ најави дека ќе достави 10 000 амандмани за измените на Изборниот законик , со цел како што велат да се запре носењето на криминален закон со кој власт подготвува изборна кражба.
Тие на социјалните мрежи објавија фотографија од Собранието на која ги пишуваат амандманите и порачаа: „Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба.10.000 амандмани спремни“
Според СДСМ, со измените на Изборниот законик ќе се овозможи електронско гласање на дијаспората што според нив е проблематично од повеќе аспекти. Како што рече претседателот на СДСМ Венко Филипче ваквото решение отвора простор за масовни злоупотреби и изборни манипулации.
Премиерот Христијан Мицкоски од опозицијата бара да предложат амандмани за корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори, а другите амандмани да ги повлечат.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


