Аргентинскиот тренер неделава ја почнува својата ера на клупата на Манчестер јунајтед, а освен резултатите, во фокусот се засилувањата во зимскиот преоден рок.

Првата цел на Покетино во дефанзивата е Калвин Баси од Фулам кој може да игра лев бек и стопер. Баси има 26 години, во Фулам дојде од Ајакс, а експертите сметаат дека нема квалитет за да игра во голем англиски клуб.

Покетино сака да го доведе и играчот за врска Вестон Мекени од Јувентус., кој според мислењето на навивачите, исто така не е доволно добар за да го засили тимот. Мекени имаше куса епизода во Премиер лигата во дресот на Лидс, кога не се прослави.

Првиот натпревар на кој Покетино ќе го води Јунајтед е против стариот ривал Ливерпул викендов.

Слични новости

Ришарлисон остана без ангажман

Ришарлисон остана без ангажман

Бразислкиот напаѓач и некогашен репрезентативец Ришарлисон не успеа да најде ангажман во преодниот рок, а во Тотенхем е прецртан и не е ниту регистриран за новата сезона.

Тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка по вчерашното реми против Рома во ЛШ

Тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка по вчерашното реми против Рома во ЛШ

По нерешените 1:1 против Рома на домашен терен во Истанбул тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка на конференцијата за печатот. Тимот денеска се собра во тренинг центарот, но Картал не се појави на тренингот.