Идната недела ќе биде комплетиран списокот на патниците на Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада.

Најинтересниот дуел е меѓу Босна и Херцеговина и Италија, со предност на домашен терен за Босанците. Шведска ќе игра против Полска откако синоќа со хет-трикот на Ѓокереш ја победи Украина со 3:1, додека Полска ја елиминира Албанија.

Соседно Косово направи изненадување и ја победи Словачка на гости со 3:4, па ќе се бори за пласман против Турција на гостински терен.

Последниот пар е Чешка која мина на пенали и Данска која убедливо ја победи Македонија.

Слични новости

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ објавува дека главен кандидат за селектор на фудбласката репрезентација на Италија е менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола.