Американската амбасада во Багдад била погодена во ракетен напад, соопштија ирачки безбедносни извори за агенцијата Ројтерс.

Нападот предизвикал дим кој се кревал од зградата на амбасадата.

Засега не се познати детали за самиот напад и предизвиканата штета.

Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед