Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци.
Во деновите околу Божиќ беа отворени автопатишта и гранични премини, а земјоделците од вчера одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција и се очекува и за Нова година, односно од вторник до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Слични новости
„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.
УХМР алармира за значителен пораст на речните води по обилните дождови во Македонија
Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.
ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец
Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати


