Хрватскиот бек во дресот на Манчестер сити Јошко Гврадиол доживеа тешка повреда на мечот со Челси и ќе мора да оди на операција. Станува збор за повреда на потколеното и Гвардиол треба да биде опериран во текот на неделава.
Пеп Гвардиола се соочува со сериозни проблеми поради голем број на повредени играчи, а особено чувствителен е во одбраната, каде што се повреди и Рубен Дијаш.
Би Би Си објави дека поради оваа ситуација можен е трансфер на капитенот на Кристал Палас Марк Геи, кому договорот со Палас му истекува на крајот од сезоната. Геи беше на чекор до Ливерпул пред стартот на оваа сезона, но трансферот беше стопиран во последен момент.
Слични новости
Егзибицискиот меч Тајсон-Мејведер во Конго на 25 април
Егзибицискиот меч меѓу боксерските легенди Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се одржи на 25 април во Конго, каде што се одржа славниот меч меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман за светската титула во 1974.
Милан му нуди на Модриќ да го продолжи договорот
И покрај тоа што е во петттата деценија од животот Лука Модриќ сезонава е еден од најдобрите играчи на Милан и управата на клубот му нуди да го продолжи договорот за уште една година.
Камерон Пејн заминува од Партизан и се враќа во НБА лигата во Филаделфија
Српските медиуми објавуваат дека Партизан ќе добие обештетување од 1.750.000 долари за трансферот на Камерон Пејн.


