Повеќе од 600 луѓе загинаа по разорната  поплава што го погоди Непал во средата.

Според непалската Агенција за управување со катастрофи, најмалку 2.426 лица се водат како исчезнати, додека спасувачките операции продолжуваат веќе четврти ден. Спасувачките екипи предупредуваат дека дождот дополнително го отежнува пристапот до некои од најтешко погодените подрачја.

 Поплавата уништила мостови и патишта, а хеликоптери постојано евакуираат преживеани и доставуваат помош.

 Најновите извештаи од денес укажуваат на 626 загинати и 2.426 исчезнати само во Непал, додека кога ќе се вклучат и жртвите и исчезнатите во Тибет, вкупната бројка е уште поголема.

 

Слични новости

Денеска прв круг од претседателските избори во Бугарија

Денеска прв круг од претседателските избори во Бугарија

Во Бугарија денеска се одржуваат претседателски избори на кои 6,59 милиони граѓани имаат право да гласаат за нов претседател и потпретседател на државата. На изборите учествуваат 27 кандидати за претседател на државата.

Демонстрации ширум Европа: Нереди во Париз, Милано, Брисел, Рим, Тирана

Демонстрации ширум Европа: Нереди во Париз, Милано, Брисел, Рим, Тирана

На протестите во Франција и Италија синоќа повторно имаше нереди. Во Франција за време на демонстрациите се уапсени околу 1.000 луѓе. Судири имаше и во центарот на Рим откако демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордно кон државните институции, фрлајќи шишиња врз полицајците

Рекордна излезност на вонредните избори во Србија каде што Студентската листа се надева да го собори од власт СНС и Вучиќ по 14 години

Рекордна излезност на вонредните избори во Србија каде што Студентската листа се надева да го собори од власт СНС и Вучиќ по 14 години

Уште од отворањето на избирачките места во 07 00 часот огромни колони луѓе чекаат да го искористат своето право на глас, а одзивот е рекорден. Според податоците на ЦРТА одзивот на изборите во Србија до 10 часот изнесува 19,8 насто, што е двојно повеќе од изборите во 2023.