Повеќе од 20 000 луѓе учествуваа во Буњол во Шпанија на традиционалниот фестивал ла Томатина, најголемата борба со домати во светот. За време на борбата учесните се гаѓаа со презреани домати и ги офарбаа улиците на градот во црвено.

Камиони полни со домати минуваа низ масата луѓе, додека луѓето од нив фрлаа домати врз насобраните, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа година во борбата биле искористени 165 тони домати.

Ла Томатина е долгогодишна традиција, пред да биде забранета од диктаторот Франко во 1950.

Вниманието на телевизиските медиуми придонесе да стане и национален настан. Според шпанската агенција ЕФЕ, околу 40 насто од учесниците во изминатите три години биле туристи вон Шпанија.

Слични новости

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“