Фудбалерите на Аргентина утринава во Канзас ја победија репрезентацијата на Алжир со 3:0 во првото коло од групата Ј. Сите три гола за Аргентина ги постигна Лионел Меси.
Меси стана и првиот играч кој играл на шест Светски првенства. Со трите гола што ги постигна Меси стигна до 16 дадени голови на Светските првенства со што го израмни рекордот на германскиот напаѓач Мирослав Клосе.
По натпреварот Меси изјави дека иако го игра шестото Светско првенство сеуште се чувствува во добра форма.
Тој рече и дека е важно да се почне турнирот со победа во првиот натпревар, што никогаш не е лесно.
Слични новости
Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина
Британските медиуми се бесни на тактиката на селекторот Томас Тухел кој по водечкиот гол одбра тактика да се брани, целосно ја препушти иницијативата на Аргентинците и се надеваше да не прими гол.
Лионел Меси ќе ја освои златната топка на Светското првенство независно од исходот на финалето
Капитенот Меси ги предводеше Аргентинците во сите натпревари и постигна 8 голови и 4 асистенции, со што го претекна Килијан Мпбапе со 8 гола и 3 асистенции.
Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија
Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.


