Камерон Пејн, 31-годишен американски кошаркар, ја напушти НБА и ќе го носи дресот на Партизан до крајот на тековната сезона, официјално објави белградскиот клуб во вторникот.
Оклахома Сити го избра Пејн со 14-от избор на НБА драфтот во 2015 година. Покрај во актуелниот шампион на НБА, Пејн често менуваше адреси во текот на својата кариера, а играше и за Чикаго, Кливленд, Феникс, Милвоки, Филаделфија и Њујорк, кој беше неговиот последен клуб пред да дојде во Европа. Намалувањето на минутите во Никс минатата сезона го поттикна да дојде во европската кошарка.
Освен Пејн, Партизан официјално го објави името на новиот тренер. Наследник на Жељко Обрадовиќ ќе биде 56-годишниот Шпанец Жоан Пенароја, кој во сезоната 2014/15 ја водеше Барселона. Покрај каталонскиот тим, работеше и во Андора, Манреза, Бургос, Валенсија и Басконија.
Партизан моментално е на 17-то место на табелата во Евролигата со резултат од 6-11. Само Париз, Баерн и Асвел се рангирани пониско.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


