Археолозите во Северен Израел открија пештера која ја користеле преднеандрталските заедници пред околу 400.000 години, а пронајдоците укажуваат на компликуваниот живот на раните луѓе, соопштија денеска истражувачите.

Истражувачите претходно сметаа дека пештерата и археолошкиот локалитет се стари 200.000 години, но новите откритија, вклучувајќи и камени алатки како секири и сечива, покажаа дека локалитеттот датира од пред 400.000години.

Научниците наведуваат дека алатките што се пронајдени ги поврзуваат со културата на преднеандерталските хоминини кои го населувале реонот на Левантот. Освен орудијата, пронајдени се и остатоци од елени и газели, што укажува на лов и организиран живот во групи, како и можна употреба на огинот.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.