Патните трошоци на пратениците, поделени на месечно ниво, се поголеми од минималната плата на еден работник, особено во приватен сектор. Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ, претпладнево од блокадата на собранието.
„Тврдиме дека 600 евра треба да биде една загарантирана сума под која не смее еден работник да ја добие на месечно ниво, како би можел да го преживее месецот. Видовме дека животот за две години е поскап за 9.000 денари, тоа го покажуваат цените кои секојдневно ги бркаме и мериме по маркетите.
Само за една година е зголемен трошокот за живот на едно семејство за 6.000 денари и затoа бараме итно и неодложно да се стави точката на дневен ред, да се изгласа 600 евра минимална плата и зголемување на сите плати за 100 евра.“
Тој ги повика пратениците да се одважат, да ја стават точката на дневен ред и да изгласаат ако, како што рече, „сакаат да си обезбедат уште еден мандат“, во спротивно најави секојдневна блокада на улици и институции.
Слични новости
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг трошоците за Западен Балкан
Граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома,
Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовно примирје
Иран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот, а преговорите меѓу двете страни, кои требаше да се одржат во Пакистан, дојдоа во целосен ќорсокак.
Од недела сончево и потопло време
На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.


