Фудбалерите на Арсенал го победија на гости Борнмут со 3:2 во 20-тото коло од англиската Премиер лига. Со петтата победа во низа Арсенал се зацврсти на првата позиција со 48 бодови, шест повеќе од второпласираната Астон Вила и седум повеќе од Манчестер сити кој има натпревар помалку.
Тимот на Микел Артета игра сјајно и е на добар пат да ја освои титулата на која чека уште од 2004-та година.
Борнмут прв дојде во водство од 1:0 по ужасна грешка на Габриел во 10-тата минута, но Арсенал најпрвин изедначи во првото полувреме, а потоа во второто со два гола на Деклан Рајс поведе со 3:1. Во финишот на мечот борбата се распламте откако Крупи постигна ефектен гол од 20-ина метри за 2:3.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


