Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ  обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, покажува подготвеност да оди и чекор подалеку од својот претходник Зоран Заев во однос на, како што велат, исполнувањето на бугарските барања поврзани со евроинтегративниот процес на државата.

Според Петрушевски, во услови кога Бугарија и натаму изнесува ставови кои, според македонските власти и институции, се однесуваат на прашањата за македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче испраќа пораки дека нема простор за загриженост кај граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со ваквиот пристап тој ги релативизира бугарските позиции и создава услови за нивно прифаќање.

 

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.