Во Британија се повеќе се пишува дека пеп Гвардиола е заситен од тренерската позиција во Манчестер сити и дека ќе го напушти „Етихад“ на крајот од сезоната иако има договор да остане во клубот уште 18 месеци.

Кога ќе ја заврши оваа сезона Гвардиола ќе биде точно 10 години во Манчестер сити со кој освои дури 18 трофеи, од кои 4 првенства во Премиер лигата по ред и Лигата на Шампионите.

Медиумите пишуваат дека прв на листата наследник на Гвардиола е Енцо Мареска кој е лут на управата на Челси. Тој по победата на Челси врз Евертон јавно го прозва менаџментот и рече дека последните два дена биле најлошите во клубот затоа што немаат поддршка ниту тој, ниту тимот.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.