План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.
Станува збор за можно повлекување на околу една третина од американскиот контингент, односно приближно 25.000 војници, додека некои извори тврдат дека бројката би можела да достигне и до половина од вкупните сили – до 40.000 луѓе.
Доколку тој план се спроведе, тоа ќе биде најрадикалното намалување на американското воено присуство на европскиот континент од крајот на Студената војна, во време кога на континентот има околу 80.000 американски војници.
Намалувањето на силите би ги погодило најмногу Германија, Италија и Шпанија, земјите каде што се наоѓаат повеќето американски бази.
Слични новости
Поддршката за Доналд Трамп на историски најниско ниво
Американските гласачи му даваат поддршка на претседателот Доналд Трамп од само 31 насто, што е историски најниско ниво на поддршка, покажа последната анкета на Ројтерс и Ипсос.
150 илјади луѓе присуствуваа на завршниот митинг на студентите, од денеска почна изборнот молк во Србија
„Студентска листа – Студентите победуваат“ има цел во недела на парламентарните избори да стави крај на владеењето на деснопопулистичката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ, кое трае повеќе од 14 години.
Грција го забрани пристапот на социјални мрежи за деца до 15 години
Грчкиот парламент усвои закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користењето на платформите на социјалните мрежи, а забраната ќе стапи во сила на 1-ви јануари следната година, пренесуваат грчките медиуми.


