Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови. Засега не е познато за што ќе биде користена единицата на маринците и каде ќе биде распоредена.

Традиционално овие единици се користат за амфибиски операции кои бараат движење од брод на копно, вклучувајќи изненадни напади, но се користи и за големи евакуации.

Иако администрацијата на претседателот Трамп соопшти дека нема планови за распоредување на копнени трупи во Иран, официјален Вашингтон не ја исклучува таа можност во иднина.

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.