Шпанската актерка и добитничка на Оскар Пенелопе Круз ќе ја добие наградата за актер на годината на меѓународниот фестивал во Санта Барбара.

Пенелопе Круз, најпознатата шпанска актерка и една од малкумината европски актери кои се пробија на А листата на Холивуд, ќе ја прими наградата во култниот Арлингтон театар на 11 февруари 2027.

Круз годинава повторно е во фокусот на вниманието со филмот „Поканата“ кој беше сензација на фестивалот Санденс, ја доби наградата на публиката на фестивалот во Торонто за „ла Лола Негра“, а наскоро се очекува нејзиниот најнов филм „Бункерот“.

Пенелопе Круз стекна светска слава во филмовите на Педро Алмодовар, а е мажена за прославениот актер Хавиер Бардем.

 

 

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.