Пекинг го повика Вашингтон да не му испорачува оружје на Тајван, откако Ројтерс објави дека претседателот на САД Доналд Трамп би можел да одобри голем пакет оружје за островото.

„САД треба строго да се придржуваат на принципот за една Кина и да ја прекинат испораката на оружје за Тајван, со што би обезбедиле стабилен однос меѓу Вашингтон и Пекинг и стабилност во Тајванскиот теснец“, порача кинеското министертсво за надворешни работи.

Њујорк тајмс минатиот месец објави дека американската администрација ја одложила продажбата на оружје на Тајван врдена повеќе десетици милијарди долари, страхувајќи од реакцијата на кинескиот претседател Си Џинпинг, пред посетата на Доналд Трамп на Пекинг.

Слични новости

Трамп го отфрла иранскиот предлог

Трамп го отфрла иранскиот предлог

Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.