Компаниите што работат со топлинска енергија во Скопје побарале од Регулаторната комисија за енергетика корекција на цената со образложение дека гасот е поскап. Цената на гасот во октомври е за околу 60 отсто повисока од онаа врз основа на која РКЕ одлучувала во јули.
Премиерот Мицкоски изјави дека гасот е трипати поскап од минатогодишната цена за истиот период.
Премиерот оцени дека бараното поскапување е „многу големо“, но дека Владата ќе се бори тоа да не биде алармантно. РКЕ треба да ги провери трошоците и да одлучи колку од нив се оправдани.
Ова ќе биде трето поскапување на парното во 2026 година, по зголемувањето од пет отсто во јануари и од речиси шест отсто од 1 август.
Слични новости
Просечната нето-плата во август 48.733 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Мицкоски од Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, како и суштински дискусии и конкретни резултати од денешниот Самит на Берлинскиот процес во Црна Гора.
Две кумановки и пет банкари со туѓи лични податоци подигнале брзи кредити, оштетиле граѓани за сума од над 12 милиони денари
Поднесена е кривична пријава против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари


