Патниците во Париз отсега може да патуваат до центарот на градот од неговиот јужен дел со жичница долга 4,5 километри, за која се вели дека е најдолгата урбана жичарница во Европа, објави операторот „Île de France Mobilités“.

Новата линија, која започна со работа во саботата, ќе има пет станици и ќе биде поврзана со градското метро. Проектот чинеше речиси 138 милиони евра.

Се очекува да ја користат околу 11.000 патници дневно. Времето на патување од терминал до терминал ќе биде 18 минути, во споредба со 40 минути за автобус за истата делница. Секоја кабина ќе има 10 седишта.

Операторот објасни дека ја избрале жичницата како превозно средство со оглед на тоа што областа е пресечена со товарни и брзи железнички линии, а постојните сообраќајни коридори се многу пренатрупани.

Јужниот француски град Тулуз има слична жичница долга три километра, а малку пократки линии постојат во Барселона и во Лондон.

Агенцијата AFP потсетува дека постојат и алпски жичници со слична должина. Подолги градски жичници постојат и во боливиски Ла Паз и во колумбиски Меделин.

globe

Слични новости

Ќе се снима филм за Ози Озборн, името на актерот што ќе го игра славниот рокер се чува во тајност

Ќе се снима филм за Ози Озборн, името на актерот што ќе го игра славниот рокер се чува во тајност

Семејството Озборн, предводено од Џек Озборн и неговата сестра Еми конечно го одбра глумецот што ќе го игра легендарниот рокер и фронтмен на „Блек Сабат“ во биографски филм за Озборн на кој долго се работи.

Џенифер Лоренс вели дека ја загубила улогата во „Било еднаш во Холивуд“ затоа што не била доволно убава

Џенифер Лоренс вели дека ја загубила улогата во „Било еднаш во Холивуд“ затоа што не била доволно убава

Актерката Џенифер Лоренс соопшти дека не ја добила улогата на Шерон Тејт во филмот на Квентин Тарантиво „Било еднаш во Холивуд“ затоа што продуцентите на филмските студија не ја сметале за доволно убава.