Српскиот голман Миле Свилар кој блеска во дресот на Рома и според стручњаците е најдобар голман во Серија А, летоска би можел да се пресли во Париз Сен Жермен.

Иако Свилар има договор со Рома до 2030, ПСЖ настојува да го доведе голманот по секоја цена откако нивниот голман Донарума замина за Манчестер Сити.

Според пишувањето на италијанските медиуми Рома бара за Свилар обештетување од дури 60 милиони евра. За Свилар е заинтересиран и Интер, но Свилар им е прескап, па се во преговори со голманот на Тотенхем Викарио.

Свилар кој има 26 години одбива да настапува за селекцијата на Србија.

 

 

 

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.