Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.

„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.

Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.

„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.

„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.

Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.

Слични новости

Доближени ставовите меѓу УПОЗ и Владата за покачување на платата

Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.

Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек со богатство преку 800 милијарди долари

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.