Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.
„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.
Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.
„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.
„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.
Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.
Слични новости
Во Индија започнува петдневен самит посветен на вештачката интелигенција
На самитот во Њу Делхи учествуваат 20 шефови на држави и влади, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон.
Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС
ЦУК: Поплави во Кичево, Гостивар и Сарај
Во Југозападниот регион, во Кичево е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов.


