Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.
„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.
Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.
„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.
„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.
Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.
Слични новости
Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто
Цената на нафтата Брент се движи под 90 долари за барел, а американската сирова нафта падна на 84 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс. Ова е најниско ниво на цената на нафтата во последните 5 недели.
Цените на нафтата стагнираат додека се очекува натамошна нестабилност поради војната во Иран
Цената на нафатата Брент се движи на ниво од околу 95 долари за барел, а цената на американската сирова нафта ВТИ изнесува 92 долари по барел.
Европската авиоиндустрија бара од ЕK суспендирање на новиот Систем за влез во унијата
Сликата на аеродромите редици до три часа, доцнења и пропуштени летови ги потврди предупредувањата на Airlines for Europe кои побараа од Европската комисија и земјите-членки на ЕУ „веднаш да воведат дополнителна флексибилност“ во работењето на новиот систем.


