Министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру, изјави дека се проширува вертикалниот коридор на гасоводот со Македонија и Србија, што и дава на Грција геополитичка стабилност.

Тој рече дека е постигнат договор природниот гас да оди за Македонија, а оттаму и за Србија и дека се очекува прокетот за гасоводот да заврши за една година. Грчкиот министер најави дека првично низ гасоводот ќе минуваат една милијарда кубни метри природен гас.

Вчера во Атина се одржа состанок за гасоводите кои од Грција одат кон маедонија, Бугарија и Србија со учество на министрите за енергетика на Македонија и Србија Сања Божиновска и Дубравка Хандановиќ и заменик министерот за енергетика на Бугарија Кирил Темелков.  

 

Слични новости

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Ноќеска целосно изгоре патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.Aвтомобилот бил во сопственост на судијата Ѓоко Ристов, соопшти МВР.