Со воведувањето на проектот „Безбеден град“, Скопје започнува суштинска реформа во управувањето со сообраќајот, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Наместо застарените модели, ќе се применуваат паметни и адаптивни технолошки решенија за подобра сообраќајна организација. Новиот систем ќе воведе таканаречен „паметен зелен бран“, кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали метежите и ќе овозможи побезбедно и поефикасно движење низ градот, особено во централното подрачје.

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека Советот на Град Скопје во наредниот период треба да донесе низа одлуки поврзани со сообраќајната организација, со цел целосна имплементација на системот „Безбеден град“ и подобрување на секојдневниот сообраќај во главниот град.

 

Слични новости

Филипче смета дека со помало луксузирање на власта реално е да се постигне минималец од 600 евра

Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво, а од овие пари само 7,5 милијарди денари се доволни за покачување на минималецот.