Пакистан, Саудиска Арабија и Турција на 27 и 28 ноември во Исламабад ќе имаат состанок посветен на заедничката одбрана, пренесе Ројтерс. Состанокот ќе биде на ниво на министри за надворешни работи.

Трите земји постигнаа спогодба за заедничка одбрана во август во Мека, во момент на зголемена загриженост поради американско-израелската војна против Иран.

Трите муслимански земји подготвуваат заедничка одбрана, според урнекот на НАТО, иако Анкара е членка и на Северноатлатнскиот сојуз.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.

Два трговски брода нападнати во Црното море во близина на Бугарија, едниот потона

Два трговски брода нападнати во Црното море во близина на Бугарија, едниот потона

Бугарскиот премиер Румен Радев го оцени нападот како недозволив и како грубо кршење на меѓународното и поморското право. Според официјалното соопштение на владата во Софија нападот се случил околу 3 часот наутро, а биле употребени воздушни и морски дронови.