Пакистан бомбардираше талибански владини цели во големите градови во Авганистан, потврдија официјални лица од двете земји, при што пакистанскиот министер за одбрана Хаваја Мухамад Асиф го опиша конфликтот како отворена војна. Безбедносни извори од Пакистан изјавија дека имало воздушни и копнени напади врз талибански пунктови, седишта и складишта на муниција во повеќе сектори долж границата. Двете страни известија за тешки борби.

Портпаролот на Талибанците Забихулах Муџахид кажа дека пакистанските сили изведуваат воздушни напади врз делови од Кабул, Кандахар и Пактија.

 Пакистан извести дека се убиени 133 талибански борци и дека се уништени 27 пунктови, додека Авганистан објави дека се убиени 55 пакистански војници.

 

Слични новости

Њујорк тајмс: На Трамп му се претставени дополнителни воени опции за напад врз Иран

Њујорк тајмс: На Трамп му се претставени дополнителни воени опции за напад врз Иран

Официјални претставници на администрацијата наведуваат дека Трамп зазема сличен пристап кон Иран како кон Венецуела, натрупувајќи сили во близина, додека му се заканува на лидерот на земјата