Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од почетокот на месецов досега спровел засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територијата на целата земја за проверки дали се почитуваат Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.

Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.

 

Притоа, кај дел од правните субјекти се утврдени неправилности и издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари (речиси 46.000 евра). Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.

„Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење“, се вели во соопштението.

globe

Слични новости

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.