Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од почетокот на месецов досега спровел засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територијата на целата земја за проверки дали се почитуваат Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.
Притоа, кај дел од правните субјекти се утврдени неправилности и издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари (речиси 46.000 евра). Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.
„Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење“, се вели во соопштението.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


