Цените на златото паднаа на околу 5.010 долари по унца, бидејќи трговците претпазливо ги проценуваа тековните геополитички ризици, пред низата одлуки на големите банки за монетарната политика.

Племенитите метали сеуште држат висока цена првенствено поради одржливата побарувачка за сигурни финансиски засолништа, кои се поттикнати од незивеноста што ја предизвика актуелната војна во Иран, пренесува Трејдинг економикс.

Тензиите дополнително ескалираа откако Иран повтроно ги нападна Обединетите Арапски Емирати, зголемувајќи го ризикот од ширење на регионалениот конфликт кој влегива во третата недела. Растечките цени на енергијата предизвикани од војната ја зголемија загриженоста за инфлација.

Слични новости

Дубаи со залихи за храна уште неколку дена

Дубаи и поширокиот регион на Заливот увезуваат помеѓу 80 и 90 проценти од нивната храна, а дури 70 проценти од храната за земјите од Заливот поминува низ Ормутскиот теснец.

Британците панично купуваат бензин во очекување на големи поскапувања

Бензиските пумпи во Бекенам, јужен Лондон привремено останаа без гориво, а многу возачи пристигнуваа со канистри за да се снабдат за подолг временски период. Стравот од недостиг на гориво е забележлив и во други градови во Велика Британија, објавува „Дејли меил“.