Цените на енергентите на европските и светските берзи денеска забележаа пад и цената на сировата нафта Брент падна на околу 103 долари за барел, додека европскиот природен гас падна на 77 евра за мегават-час.

Цената на американската нафта ВТИ во моментов изнесува околу 100 долари за барел.

Истовремено, европските берзнаски индекси бележат раст. Англискиот ФТСЕ е во плус за 0,40, исто колку и германскиот ДАКС, додека францускиот ЦАЦ порасна за 0,21 насто.

Пораст забележаа и американските берзански индекси. Дау Џонс порасна за 0,75 насто, а СиП за 0,80 насто.

Слични новости

Удар врз средната класа: 72 насто од Европејците не можи да си купи сопсвен стан

Удар врз средната класа: 72 насто од Европејците не можи да си купи сопсвен стан

Она што со децении важеше за еден од основните симболи на економската сигурност на европската средна класа- стално вработување, редовна плата и можност да се купи семеен стан или куќа, се повеќе станува недостижна цел.