98-то доделување на Оскарите забележа остар пад на гледаноста од 9 проценти во однос на минатат година. Според истражувањето на мерењата за гледаност на Нилсен, Оскарите на Еј БИ Си ги гледаа 17,8 милиони гледачи во САД, за разлика од 20 милиони шти го гледаа шоуто во 2025.

Падот на гледаноста на Оскарите е во согласност со трендот на пад на гледаноста на сите шоуа на кои се доделуваат награди. Златните глобуси паднаа во гледаност за 6 насто, исто како и доделувањето на музичките награди Греми.

Сепак Оскарите останаа најгледано забавно шоу. Исто така привлекоа огромно внимание на социјалните мрежи, каде што имаа 181 милион импресии за време на шоуто, што е значаен скок во однос на минатата година од дури 42 насто.   

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.