На њујоршки Волстрит индексот S&P 500 се лизна од рекордно високото ниво во четвртокот, бидејќи инвеститорите не беа подготвени да преземат дополнителни ризици, со оглед на тоа што нема големи економски извештаи и се приближува сезоната на објавување на деловните резултати на компаниите.

Индекост Dow Jones падна за 0,52 отсто на 46.358 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,28 отсто на 6.735 поени, а индексот Nasdaq се намали за 0,08 отсто на 23.024 поени.

Инвеститорите вчера не беа подготвени да преземат дополнителни ризици, со оглед на тоа што S&P 500 и Nasdaq достигнаа рекордни нивоа ден претходно и дека сезоната на објавување на деловните резултатите на компаниите за третиот квартал започнува следната седмица.зѐ

 

Аналитичарите во анкета на Reuters очекуваат корпоративните заработки да пораснат за речиси 9 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Пазарот е поддржан од надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки, откако ги намали за 0,25 отстотни поени во септември.

Аналитичарите веруваат дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки за уште 0,25 отстотни поени на состанокот кон крајот на октомври, а дали ќе има повеќе намалувања до крајот на годината зависи од идните економски индикатори.

Бидејќи Конгресот сè уште не постигна договор за натамошно финансирање на федералните агенции, овие агенции се затворени деветти ден по ред, што значи дека нема значајни економски извештаи што би ги насочиле инвеститорите.

Деновиве се навршуваат три години од почетокот на актуелниот пазар на „биковите“, а во тој период индексот S&P 500 се зголеми за речиси 90 отсто, најмногу благодарение на силниот раст на технолошкиот сектор предизвикан од еуфоријата околу вештачката интелигенција.

Додека некои аналитичари велат дека се формира „меур“, што наскоро би можело да предизвика поостар пад на цените на акциите, други веруваат дека сè уште има простор за раст на пазарот.

А на повеќето европски берзи, цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,41 отсто, на 9.509 поени, а парискиот CAC се намали за 0,23 отсто, на 8.041 поен. Франкфуртскиот DAX, од друга страна, порасна за 0,06 отсто, на 24.611 поени.

globe

Слични новости

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

„Gunvor“ ја повлекува понудата за купување на имотот на руски „Лукоил“ во странство

Мултинационалниот швајцарски трговец со енергенси „Gunvor“ соопшти дека ја повлекува својата понуда за купување на странски средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека има намера да му одбие лиценца за бизнис